Во нашите животи многу не` попречуваат нашите интереси.
Ние постојано нешто планираме, ова, па она, и мислиме дека, ако сами тоа не го правиме, ништо во животот нема да постигнеме.
- Ние треба според совеста да се трудиме, ама не` избрзано, зашто во таа наша избрзаност, непријателот не` соборува.
При таа забрзаност, не обрнуваме внимание на било што отстрана.
Дали повредуваме некоја личност или некому му правиме некое зло.
Ние сме преокупирани со својот план и не водејќи сметка за совеста, брзо се огрешуваме, дури и кон своите ближни.
А кога кон ближните се огрешуваме, ние, всушност, не се огрешуваме кон конкретната личност, туку лично кон Бога, зашто Бог тајно пребива во секоја душа.
- Каков е нашиот однос кон ближниот, таков е и нашиот однос кон Бога. Ако ние на љубовта `и возвраќаме со љубов, а на злото со иста мера, тогаш, не сме на добар пат.
Отец Тадеј
- Подготви: Мина Даниловска
- 4-ти јануари, лето Господово 2014